Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија неодамна била нападната со автоматско оружје и посочи дека насилството со мигрантите е во пораст.
Орбан на социјалната мрежа „Х“ нагласи дека е време сите да се соочат со вистината дека бриселскиот договор за ова прашање пропаднал.
Migrant violence is on the rise. Three nights ago, a joint ?? ?? border patrol came under fire from automatic weapons. With this, migrants have crossed the Rubicon. It’s time to face the facts: the Brussels #migration pact has failed. pic.twitter.com/i6V6chOF9m
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) September 26, 2023
„Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи беше нападната заедничката гранична патрола на Унгарија и Србија, имаше пукотници од автоматско оружје. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна“, напиша Орбан.
Тој посочи дека овој проблем ќе се прошири и најверојатно ќе се продлабочи во текот на есента.
„Нов миграциски пакт беше усвоен на крајот на јуни, и покрај противењето на Унгарија и Полска. Сега е септември, и јасно е дека пактот веќе пропадна. Годинава забележавме 128.000 обиди за преминување на јужната унгарска граница. Нападите врз граничарите станаа вообичаени, евидентирани се 168 сериозни напади, а неколку наши полицајци беа повредени“, рече Орбан.