Азербејџан: Во Нагорно Карабах загубивме 192 војници

Макфакс

27/09/2023

10:48

995

Големина на фонт

а а а

Азербејџан загуби 192 војници за време на минатонеделната воена операција за враќање на контролата врз отцепениот регион Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за здравство.

За време на азербејџанските воени операции беа убиени 200 етнички Ерменци, но како дел од постигнатиот договор, ерменските борци се согласија да го предадат оружјето.

Нагорно Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, е управуван од етнички Ерменци веќе три децении со поддршка и сојуз на Русија, наведува Ројтерс.


По операцијата на азербејџанската армија, речиси 30.000 етнички Ерменци веќе избегаа од Нагорно Карабах, што е четвртина од ерменското население во овој регион. На единствениот пат кој води кон Ерменија, дестинацијата на сите оние кои заминуваат од Нагорно Карабах, камерите снимиле стотици автомобили, јавува Би-Би-Си.

Официјален Баку вели дека жителите на регионот ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер тврди дека „етничкото чистење“ започнало.