iPhone 15 има проблеми со прегревање: Едни го обвинуваат чипот, други велат дека Apple „штеди“ – еве што вели аналитичарот

Точка

27/09/2023

11:00

11.477

Големина на фонт

а а а

Откако iPhone 15 беше претставен, корисниците се жалат на проблеми со прегревање.

Во својата нова објава, познатиот аналитичар и инсајдер Минг Чи Куо вели дека овие проблеми не се тука поради 3nm А17 чипот, туку поради „компромисот направен во термалниот систем“.


Чипот A17 којшто го придвижува iPhone 15 Pro е првиот 3nm процесор којшто го направиле Apple и TSMC, што довело до шпекулации дека новата технологија е виновна за проблемите со прегревањето.

Меѓутоа, Куо смета дека проблемите се тука поради промените кои Apple ги вовел за да го приспособи преминувањето кон титаниум и да ги направи моделите iPhone 15 Pro полесни од своите претходници.

„Проблемите со прегревањето на серијата iPhone 15 Pro не се поврзани со TSMC напредните 3nm чипови. Примарната причина најверојатно е компромисот направен во дизајнот на топлинскиот систем за да се постигне помала тежина, како што е намалена површината на топлината и употребувањето на титаниумската рамка, што негативно влијае на термичката ефикасност“, пишува Куо.


Тој предвидува дека Apple ќе може да ги реши овие проблеми по пат на ажурирање на софтверот, но предупредува дека тогаш би можело да се загрозат перформансите на чипот.

Што мислите вие за размислувањето на овој експерт, дали и вие имате проблем со прегревање на овој или претходен модел на iPhone?