Зеленски го постави Андриј Шевченко за свој советник

Макфакс

27/09/2023

09:32

964

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го назначи поранешниот фудбалер Андриј Шевченко за свој советник.

Оваа вест е објавена на сајтот на претседателот на државата, а за неа пишуваат и украинските медиуми. Во објавениот декрет не беше прецизирано каква ќе биде функцијата на легендарниот фудбалер.

Шевченко во текот на кариерата играше за Динамо Киев, Милан и Челзи, а во 2004 година ја освои Златната топка.

Тој беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг