Безалкохолните пијалаци, водата и пивото од денеска со „гарантирана цена“

Макфакс

27/09/2023

07:46

2.359

Големина на фонт

а а а

Покрај издвоените производи од пекарската, месната и млечната индустрија, од денеска „гарантирана цена“ ќе имаат и безалкохолните пијалаци, пивото, газираната и негазираната вода.

Со новите намалувања на цените, кои важат од денеска, поевтинуваат светлото пиво и лагер-пивото, газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетските пијалаци, минералната газирана и негазирана природна вода.

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече вчера премиерот Димитар Ковачевски.

Владата вчера донесе одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук.