(Видео) Украински министер: Ако Соколов е мртов, тоа е добра вест

Макфакс

27/09/2023

07:45

1.211

Големина на фонт

а а а

„Ако шефот на руската Црноморска флота е мртов, тоа е добра вест“, изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров за Си-ен-ен.

За потсетување, Украинците тврдат дека го убиле адмиралот Виктор Соколов во петокот во напад на штабот на флотата на Крим.

Вчера руското Министерство за одбрана објави видео од човек кој личи на Соколов како се придружува на состанок преку видео врска.

„Тој е на нашите привремено окупирани територии… воопшто не треба да биде таму. Значи, ако е мртов, добра вест за сите е дека продолжуваме со деокупација на нашата територија“, рече Умеров.