„Сѐ уште ја сакам таа жена“: Бред Пит признал со која девојка ја имал најсреќната љубовна врска – не е ниту Џенифер Анистон ниту Анџелина Џоли

Точка

26/09/2023

23:03

12.522

Големина на фонт

а а а

Бред Пит во текот на својот живот бил во врска со многу познати дами, вклучувајќи ги и поранешните сопруги Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но „една од најдобрите“ врски кои некогаш ги имал била со некого кого „сѐ уште го сака“.

Овој 59-годишниот актер ја запознал својата поранешна девојка Џулиет Луис на снимањето на неговиот филм од 1990 година. Иако Џулиет тогаш имала само 17 години, додека Бред имал 27, љубовта меѓу нив се родила, а тие станале еден од најубавите парови на Холивуд.

Поранешните љубовници биле заедно цели три години, но на почетокот на 1993 година одлучиле да ја прекинат врската.

Додека Џулиет подоцна изјавила дека Бред „повеќе не е во нејзиниот универзум“, Бред неодамна се присетил на „прекрасното време“ кое тие двајца го поминале заедно.

„Сѐ уште ја сакам таа жена. Ми беше прекрасно со неа. Беше една од најубавите љубовни врски во која некогаш сум бил. Проблемот е тоа што растеме со визијата дека љубовта победува сѐ, а тоа едноставно не е точно“, изјавил Бред во интервју за „Vanity Fair“.


По раскинувањето во далечната 1993 година, Бред и Џулиет глумеле еден покрај друг во нивниот втор заеднички филм „Калифорнија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг