Алегри: Три тима се едно скалило над останатите

Дерби

25/09/2023

15:20

2.998

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри ги нападна италијанските новинари за непотребниот притисок кој го прават врз неговиот Јувентус, тим кој според него оваа сезона треба да цели кон топ четири финиш во Серија А.

Алегри анализира дека Јувентус не поседува шампионски материјал во овој момент и дека се наоѓа во период на транзиција, па како главни фаворити за трофејот ги посочи двата клуба од Милано, но и Наполи.

– Интер, Наполи и Милан се трите тима кои се едно скалило над останатите. Интер покажува дека заслужено е на првото место на табелата, а нас ни преостанува да водиме борба за четвртото место.

– Играњето во Лигата на шампионите е многу важно за нас, па затоа топ четири пласман е клучна цел од било која гледна точка, – вели Алегри пред дуелот со Лече, а во меѓувреме ги наброја и новите лидери во соблекувалната на Јувентус по заминувањата на искусни играчи како Бонучи и Квадрадо.

– Сега го имаме Данило, тука е Шчесни, како и Алекс Сандро кој моментално е повреден. Како лидер го сметаме и Ругани кој значително порасна со нас, – заврши Алегри.