Наполи го брани Скудетото во оваа сезона во Серија А, но клубот од Неапол има многу лош старт и ако продолжи вака сигурно ќе биде симнат од тронот во најсилната италијанска фудбалска конкуренција.
Актуелниот шампиони новиот кикс го направија на гостувањето кај Болоња каде одиграа без победник 0-0, во меч во кој Осимен не реализираше удар од 11 метри. Наполитанците имаат освоено само 8 од вкупно 15 бода во досегашниот дел од шампионатот и веќе имаат седум поени помалку од актуелниот лидер Интер.
Меѓутоа по се изгледа претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис не е претерано загрижен поради оваа ситуација и доказ за тоа е неговата реакција по средбата на „Ренато Дал Ара“.
-Наполи почнува одново од Болоња. Браво на сите, -напиша првиот човек на Наполи кој очекувано доби критики од навивачите.