(Фото) Ќерката на Барак Обама непрепознатлива: Видно здебелена, во бикини и со цигара – многу негативни критики, поддршка само од мајка ѝ

Точка

25/09/2023

23:00

8.548

Големина на фонт

а а а

Саша Обама, ќерката на поранешниот претседател на Америка, Барак Обама, има 22 години и штотуку го завршува факултетот во Лос Анџелес.

Во последните месеци, папараците будно ја следат, бидејќи Саша постојано дава материјал а жолтиот печат и разни озборувања. Имено, на оваа девојка повеќе не ѝ било грижа кој ја гледа и што се зборува за неа, поради тоа што често може да се забележи како сосема опуштена шета низ Лос Анџелес. Овојпат таа била фотографирана само во бикини и со цигара во уста, додека разговарала со пријателите на паркинг.


Многумина констатирале дека Саша изминативе месеци качила некој килограм плус, но и дека воопшто не се оптоварувала со својот изглед.



Забавите се нејзина специјалност, па честопати ноќе се враќала боса додека во рацете носела високи потпетици.


Откако го напуштила студентскиот кампус, Саша живее во Лос Анџелес со нејзината две години постара сестра Малија, која работи како сценарист по дипломирањето на Харвард.


Малија и Саша пораснале во Белата куќа, а Барак честопати зборувал за тоа како стравува да не станат „чудаци“ со оглед на тоа што имале необично детство.


Мишел Обама проговорила за нивниот љубовен живот: „Порано ги сакаа браќата Џонас, а сега дома ги носат момците со кои се забавуваат во реалниот живот.“


„Секогаш ги следев советите на мајка ми и ги воспитував моите за реалниот свет. Отсекогаш сум се трудела да ги научам како да бидат сочувствителни, независни, одговорни луѓе и мислам дека тие пораснаа во неверојатни млади жени“.