Симеоне посочи дека тактиката на Анчелоти му помогнала да го неутрализира Белингам

Дерби

25/09/2023

13:29

2.597

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти се одлучи да игра без истурен центарфор на градското дерби против Атлетико Мадрид и ги нареди своите играчи во формацијата 4-3-2-1, нешто што се покажа како голема грешка со оглед исходот кој го видовме на „Метрополитано“.

Самиот Италијанец по поразот од 3:1 истакна дека тој е главен виновник за поразот и дека направил грешка со системот кој го избрал, а за тоа говорел и Чоло Симеоне во интервјуто за „ДАЗН“ по крајот на мечот.

Силен впечаток на вчерашниот меч остави тоа што Џуд Белингам беше целосно неутрализиран од играчите на Атлетико, па Симеоне доби прашање дали некој играч играл „фластер“ на Англичанецот.

– Не, не игравме фластер на него, тоа го направивме со колективен притисок. Исто така, нивниот пристап ни овоможи Белингам да има помалку простор за напад.

– Отсуството на Хоселу во стартната постава добро ни дојде, бидејќи Белингам често профитира од дуел играта на Хоселу. Мислам дека полесно го контролиравме без Хоселу на теренот, – изјави Чоло.