Иван Јованов, пејачот на „Либеро бенд“ и поранешно момче на пејачката Антониа Гиговска, на социјалните мрежи објави дека чека принова со својата нова љубов, па ја изненади јавноста.
Во поблизок круг на семејството и пријателите Иван и неговата избраничка Ивана го откриле полот на бебето кое го очекуваат – ќеркичка.
Инаку, по раскинувањето на Иван и неговата поранешна девојка Антониа Гиговска, тој вешто го криеше својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па можеби токму поради тоа оваа вест изненади поголем дел од публиката.
За потсетување, Антониа Гиговска, по раскинувањето со Иван стапи во врска со Роберт Спасенцовски, за кого и се венча и со кој го имаат синот Киан.
На фотографиите кои ги објавија на социјалните мрежи Иван и неговата избраничка, може да се забележи дека вљубениот пар многу се радува за веста дека бебето кое го очекуваат ќе биде девојче, а честитки пристигнале од сите страни. Воедно, им честитаме и ние!