(Видео) Фасцинантниот животински воден свет: Медузи кои немаат мозок, но целосно се сеќаваат на она што се случувало во минатототo

Точка

23/09/2023

16:10

22.244

Големина на фонт

а а а

Посебен вид на медуза, поточно вид на мала медуза (Tripedalia cystophora), која иако нема мозок ме точно да се сеќава на минатото. Ова е исклучителното откритие на научниците предводени од Јан Биелецки, невробиолог од Универзитетот во Кил во Германија.

Ова откритие е објавено во научното списание „Current Biology“, и всушност упатува на тоа дека речиси сè што има само неколку неврони и начин да ја почувствува околината, може да се приспособи, односно да го приспособи своето однесување врз основа на стекнатите искуства.


„Учењето е врвна изведба за нервниот систем“, изјавил Биелецки.

Имено, овој вид на медуза содржи визуелни структури кои се состојат од речиси илјада фоторецептори. Овие нерви служат и како сензорни системи и интеграциски центри, помагајќи ѝ на медузата да пулсира во потрагата по плен.


Научниците, користејќи го svpg методот на истражување, поставиле возрасни медузи во кружен резервоар со сиви ригести ѕидови кои ги имитираат вертикалните линии на далечниот плен. Медузите неколкупати нежно удирале во ѕидовите, но на крајот сфатиле дека мора да се „провлечат“.

Не требало долго за да се намали нивниот ентузијазам. До крајот на 7,5 минутниот експеримент, медузите ротирале во просек 4 пати почесто и го зголемиле растојанието меѓу себеси и ѕидот за половина.

Ова го одразува изменетото однесување како одговор на новонастанатата препрека.

Морскиот биолог од Универзитетот во Копенхаген, Андерс Гарм, рекол дека всушност е изненадувачки колку брзо овие животни учат и дека тоа е приближно со исто темпо како и понапредните животни.

Се чини дека дури и наједноставниот нервен систем може да учи напредно. Знаејќи дека потребни се толку малку неврони и наједноставен стимул за промовирање на асоцијативното учење кај животните, научниците се надеваат дека ќе ги истражат нервните интеракции на клеточно ниво.