Сепак, неговиот Ал-Наср постигна два гола повеќе од противникот Ал Ахли.
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо дефинитивно го одбележа почетокот на дербито од Саудиската лига меѓу неговиот Ал Наср и Ал Ахли.
Ал Наср на полувремето имаше водство од 3-1, а стрелец на првиот гол беше токму Роналдо кој во 4-тата минута му побегна на чуварот и ја искористи асистенцијата на Садио Мане.
CRISTIANO RONALDO WHAT A GOAL! pic.twitter.com/gLNkGHFKZW
— TC (@totalcristiano) September 22, 2023
Меѓутоа, веќе 8-мата го имаше едно од најголемите промашувања во својата кариера, кога од само три метри погоди статива на празен гол.
Талиска во 17-тата минута зголеми на 2-0, Кеси на по половина час ја намали предноста на 2-1, но Бразилецот го постигна својот втор погодок на натпреварот и Ал Наср имаше цврсто водство на полувремето.
❌ What a MISSED by Cristiano Ronaldo! ⤵️?? pic.twitter.com/fjkDTBkKLF
— Man Of Hopes (@Man_Of_Hopes) September 22, 2023
По враќањето од соблекувалната, Марез го намали резултатот од пенал, за Роналдо, на асистенција од Талиска, да го постигне својот втор гол за конечни 4-3.