Ова е најевтината зимница, а многумина велат и – највкусна: Кисели тиквички кои ќе ги правите секоја година

Точка

22/09/2023

21:00

16.507

Големина на фонт

а а а

Дали е можно да направиме кисели тиквички, барем еднаш сите сме се запрашале? Не само што е можно туку тие се и многу вкусни и едноставно се прават.

Зимницата зазема важно место во кујните на сите домаќинки од октомври до март, а без сомнеж најпопуларни се киселите краставички.

Луѓето обожуваат и ајвар, „пеглани“ пиперки, туршија, но малкумина се сетиле да си направат кисели тиквички.

Киселите тиквички имаат богат, интензивен и остар вкус и кога еднаш ќе ги пробате, верувајте дека ќе ги правите секоја наредна зима.


Состојки:

- 2 килограми тиквички;
- 2 главици кромид;
- 700 милилитри оцет;
- 50 грама сол;
- 40 грама шеќер;
- 2 лажички семки од сладунец;
- 1 лажичка куркума.

Подготовка:

1. Добро измијте ги тиквичките, па исушете ги на хартија и исечете ги на тенки кругови. Доколку тиквичките се прешироки може да ги преполовите.

2. Потоа излупете го кромидот и исечете го.

3. Во една чинија помешајте ги тиквичките и кромидот, додадете сол, па потоа додадете ладна вода и оставете да отстои два часа.


4. Во едно големо тенџере сварете го оцетот, шеќерот и куркумата, па потоа прелијте ги тиквичките и кромидот и оставете да отстојат уште два часа.

5. Оваа смеса повторно ставете ја во тенџере, па ставете ја на поголема температура. Кога ќе проврие, намалете ја температурата и варете уште пет минути.

6. Потоа и таа течност и зеленчукот ставете ги во тегла. Треба да оставите еден прст простор меѓу капачето и течноста. Теглата добро затворете ја.