Одложување на забраната за бензинци во Британија: „Само 2% од возачите планираат да купат електричен автомобил“

Точка

22/09/2023

10:27

8.172

Големина на фонт

а а а

Почетниот занес по електричните автомобили спласнува, што се гледа и по пазарните движења.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон предложил укинување на продажба на возила на фосилни горива за 2030-та година, а најновите извештаи велат дека неговиот наследник Риши Сунак е склон да го одложи воведувањето на забраната за 2035-та година.

Како што известува „Reuters“, актуелниот премиер ја објавил одлуката за одложување на воведувањето на забраната на терминот (2035. година) на терминот кој претходно го усогласиле членките на ЕУ. „Ќе го олесниме преминот на електрични возила. И натаму ќе можете да купувате бензин и дизел автомобили и комбија до 2035-та“, рекол Сунак во говорот. „Дури и после тоа, и натаму ќе можете да купувате и продавате половни возила“.

Одложувањето е еден од неколкуте начини на кои Сунак и неговата влада наводно разгледуваат ублажување на претходните климатски ветувања меѓу кои и тоа да се достигне нето нулта емисија на гасови до 2050-та година.


Сунак и претходно дал најава за одложувањето: „Горд сум што Британија е водечка во светот по прашањето за климатските промени. Посветени сме „нето нулата“ до 2050-та година и договорите кои ги склучивме на меѓународно ниво – но правејќи го тоа на подобар, попропорционален начин“. Тој сугерирал дека владите не биле искрени во врска со трошоците и отстапките на водечката зелена политика.

Тука секако е и прашањето за автоиндустријата, која и покрај падовите по Брегзит е една од основите на британската економија. Дури и произведувачите под прашалник ја ставаат можноста за изводливост на воведување на забрана до 2035-та година, а уште помалку до 2030-та.


„Само 2 проценти од возачите сега би купиле електрично возило“

Генералниот директор на „VW UK“, Алекс Смит, предупредил на фактот дека продажбата на електрични автомобили стагнира, укажувајќи дека анкетата на повеќе од 2.000 британски возачи покажала дека денеска само 2 проценти од возачите би купиле електричен автомобил.

Смит како најголем проблем за популаризацијата на електричните автомобили ја нагласува повисоката цена во однос на дизел возилата и бензинците, а работата дополнително ја влошува постепеното намалување на субвенциите. Во Велика Британија нема директни субвенции за електрични возила, а во 2025-та година возачите ќе мора да плаќаат и патарини.

„Daily Mail“ притоа нагласува дека електричните автомобили во просек се поскапи за 10.000 фунти, осигурувањето е поскапо за 60 проценти, а полнењето е 20 проценти поскапо од бензин и дизел. Поради тоа не треба да чуди тоа што уделот на приватни купувачи на електрични возила паднал од 36 на 24 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг