[ВИДЕО] Кинескиот SUV ја преминал најголемата река во земјата: Патување од 1,5 километри за 22 минути...

Точка

17/10/2025

10:16

650

Големина на фонт

а а а

„Jetour Zongheng G700“, возило од брендот чиј сопственик е компанијата „Chery“, станал првиот SUV автомобил во историјата којшто успешно ја преминал реката Јангце.

Преминувањето се случило вчера, а почетната точка била траектната станица во Вуху, провинција во Анхуи. Вуху е градот во којшто се наоѓа седиштето на компанијата „Chery“.

Патувањето долго 1.480 метри преку најмоќната кинеска река, завршено било за 22 минути. SUV-от се борел со струите чија брзина се движела во распон од 5 до 10 км/ч.

Возилото одржувало стабилна положба постојано во текот на преминувањето, крстарејќи со брзина од 7 км/ч. пред успешно да стигне до траектната станица Нанлонг на спротивната страна од реката.

Успешното преминување по реката го овозможиле технолошките карактеристики на новиот SUV автомобил, вклучувајќи ја каросеријата, активниот систем за циркулација на воздухот и високонапонскиот силициум-карбиден погонски систем (800 V).

Ова возило континуирано ја подесувало каросеријата, обезбедувајќи прецизна контрола во текот на преминувањето на водата.

Автомобилот, чија премиера е планирана за 19 октомври, позициониран е како голем, луксузен хибриден, теренски SUV.


Ќе биде достапен во четири конфигурации, со претпродажна цена во распон од 49.000 до 60.200 долари.

Во срцето на хибридниот погон е сместен 2.0 бензински мотор којшто испорачува 211 KS (155 kW) и 340 Nm.

Електричниот систем изграден е на 800-волтна архитектура и има двобрзински менувач, двослоен батериски систем и електричен мотор.