(Видео) Неверојатни сцени од Мајами поради Меси, можеби фудбалот и не е за Американците…

Точка

21/09/2023

13:15

8.119

Големина на фонт

а а а

Вакви сцени тешко дека ќе видиме на некој фудбалски натпревар во Европа, Бразил или Аргентина.

Фудбалерите на Интер Мајами вчера на домашен терен го совладаа тимот на Торонто со резултат 4-0.

Триумфот на домашната екипа останал во сенка на повредите на Лео Меси и Жорди Алба, а неверојатните сцени по принудното излегување од игра на Аргентинецот го шокираа фудбалскиот свет.

Имено, кога Меси излегол од теренот поради повреда во 37-ма минута, не толку мал број на навивачи на Интер од Мајами го напуштиле стадионот бидејќи не сакале да го гледаат тимот без еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Во Европа вакво нешто веројатно никогаш не би се случило, во САД приказната е поинаква.

Американци, фудбалот, можеби и не е за вас …