(Видео) Ова се мајка и син: Негативни коментари на социјалните мрежи поради нивното несоодветно прегрнување – Што мислите вие?

Точка

20/09/2023

21:19

7.788

Големина на фонт

а а а

Видеото на кое жена по име Амбер Рајт го прегрнува својот 16-годишен син Брикстон по напнат фудбалски натпревар во Јута, станало вирално.

Имено, оваа мајка го прегрнала својот син по натпреварот и ги обвила нозете околу него, што предизвикало бројни реакции. Многумина коментирале дека однесувањето на Амбер е несоодветно. „Ах, ти си една од „оние“ мајки, „Не е проблемот во прегратката, туку во твоите нозе. Не требаше да ја напуштат земјата“, „Мама сака да биде тинејџерка“, „Ова е толку погрешно, кутро дете“, биле само дел од коментарите на луѓето.


Натпреварот имал посебно значење за Амбер и нејзиниот син

Како што подоцна Амбер објаснила, Брикстон го загубил својот татко поради алкохолизам кога имал 15 години, а овој натпревар било првпат младиот спортист да го облече дресот со број 44 на теренот, што всушност го претставувало датумот на смртта на неговиот татко (4 април). „Бев горда“, изјавила таа за „Today.com“.


„Доаѓам од многу приврзано семејство. Го прегрнувам татко ми секојпат кога ѓе го видам. Тоа што го видовте на фудбалскиот терен – тоа сме ние. Брикс ќе ме подигне и прегрне, а потоа ќе ме врати“, објаснила и додала дека коментарите полни со омраза го вознемириле нејзиното семејство, поради што впрочем нејзиниот син ја бранел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг