(Фото) Лицето го скрила, но не можела и срамот: Вака изгледа жена која слепо го слуша и следи својот сопруг – Дали е ова нормално?

Точка

19/09/2023

21:16

12.280

Големина на фонт

а а а

Раперот Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори присуствувале на ревијата на Мовалола за време на модната недела во Лондон.

Внимателно набљудуваниот пар поради своето скандалозно однесување и стил на облекување и овојпат ја шокирале јавноста. Бјанка Ценсори, како и обично, се појавила во дегутантна комбинација.



Познато е дека сопругата на славниот рапер сака да ги истакнува градите, па во склад со тоа и редовно ги открива, но овојпат ги прекрила, исто како и лицето. Она што сега го ставила во преден план е нејзиниот гол задник.


Највпечатлив елемент на изгледот на Бјанка не било само белото боди кое ѝ ги разоткрило нозете, туку масивната бела перика со реси кои целосно ѝ ги прикривале очите. Канје пристигнал со прекриено лице, облечен во црно, како што инаку се појавува во јавноста во последниот месец.


Извори блиски до парот тврдат дека Канје ја презел контролата врз Бјанка и дека се обидува од неа да направи втора Ким Кардашијан. Исто така, пријателите на Бјанка истакнале дека таа целосно го изгубила компасот и дека не разбираат што ѝ се случува.



Се зборува дека Канје ја терал сопругата да го следи гола и во скандалозно издание низ градот, но двајцата не се освртувале на негативните коментари, туку од ден на ден изненадуваат со својот изглед, додека секое нивно појавување во јавноста е поскандалозно од претходното.




Спонзорирани линкови

Маркетинг