Салах прифатил да се пресели во Ал Итихад, Ливерпул му испратил јасна порака

Дерби

19/09/2023

17:41

3.437

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах беше поврзуван со трансфер во редовите на Ал Итихад, но Ливерпул не дозволи ваков развој на настаните и успеа да го задржи египетскиот фудбалер барем до следниот преоден рок.

Клубот од Саудиска Арабија нудеше 200 милиони фунти за напаѓачот, но и тоа го убеди премиерлигашот да се откаже од услугите на својот најважен фудбалер, кој ќе заработуваше по 100 милиони евра годишно во азискиот клуб.

Според членот на Вест Хем, Мајкл Антонио, Салах не ја одбил понудата на Ал Итихад, туку добил јасна порака од Ливерпул дека нема да добие дозвола за трансферот.

– Салах во ниту еден момент не ја одбил понудата.

– Клубот едноставно рекол дека тоа ја поминува црвената линија и му порачал дека нема да може да го напушти „Енфилд“. Важно е и дека Салах ја почитувал одлуката, не направи врева во ситуацијата, иако јас сум убеден дека беше подготвен да замине, – изјавил Антонио во еден поткаст.