(Фото) Ретко кој слушнал за овој магичен турски остров, а се наоѓа на самиот влез на Дарданелите: Тиркизното море и белиот песок се одлична идеја и за есенско патување

Точка

19/09/2023

15:01

20.153

Големина на фонт

а а а

„Веќе навикнавме Кристина Синкиќ Радоловиќ да нè носи на неочекувани дестинации, кои ни будат желба за авантура.“

„А иако летото се ближи кон крајот, убавото време нè напушта, сигурни сме дека никому не би му било на одмет малку море и во текот на есента.

Затоа ви ја предлагаме магичната Бозџада, остров во Турција, кој го откри нашата блогерка, а кој сигурно ќе ги воодушеви сите љубители на Егејското Морез“, пишува „Жена.блиц“.


Значи, островот Бозџада се наоѓа во Егејското Море, на самиот влез на Дарданелите, а до него можете да стигнете од Истанбул за само 18 евра.


Некогаш го имал името Тенедос и бил дел од Грција.


Овој остров е населен веќе 5 илјади години, има фантастични плажи со бел песок, опкружен е со тиркизни мориња, а верувале или не – не е допрен од масовниот туризам.


Причината за тоа е одбивањето на жителите да прифатат голем развој, маркетиншки трикови и приватизација на плажите.


Токму тоа им овозможило да ја зачуваат автентичната грчка средина, која го краси турското гостопримство.

Проверете го инстаграм профилот на Кристина за повеќе детали од патувањето и размислете дали овој остров можеби е вашата следна авантура.




Спонзорирани линкови

Маркетинг