(Фото/Видео) „Правда за жртвите“: Трет протест пред Влада по скандалот со Онкологија

Макфакс

18/09/2023

18:48

2.384

Големина на фонт

а а а

Под мотото „Правда за жртвите“ почна третиот протест по скандалот на Онкологија. Граѓаните се собираат пред Влада, каде скандираат „убијци“, откако после половина месец од влегувањето на полицијата и обвинителството во Клиниката за онкологија, од каде беа земени компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите, се уште нема информации што е пронајдено и дали и колку осомничени има од клиниката.

Сомнежите на граѓаните се дека на Клиниката за онкологија воопшто нема евиденција за пациенти кои починале во домашни услови, а лековите наместо за пациентите завршиле на црниот пазар. Засега, обвинителството прифати тројца онколошки пациенти цело време да имаат увид во истрагата.

А освен дома, обвинителството докази ќе бара и во соседните земји. Последните информации од таму се дека ќе се бараат информации од Косово и Албанија за евентуални сознанија за илегална препродажба на онколошки лекови таму, а ќе се бараат и податоци за пациенти од соседните држави кои се лекувале со одредени терапии во Македонија.


На Онкологија се лечеле Косовари со македонско државјанство на товар на Фондот❗️

Катастрофалното работење на Клиниката...

Posted by Протест против убиството на онкологија on Friday, September 15, 2023



Спонзорирани линкови

Маркетинг