Истражување потврди: Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга – се согласувате ли?

Точка

18/09/2023

17:08

4.685

Големина на фонт

а а а

Доколку барате начин како да се ослободите од стресот и тегобите, слушањето музика би можело да ви помогне во тоа.

Но, не било каква музика... Имено, компанијата за невромаркетинг „Mindlab International“, спровела истражување во кое учесниците во истражувањето требале да решат сложена сложувалка додека слушаат музика.


На листата се нашле 10 песни, а научниците со помош на податоците забележани со сензор, ги мереле промените во ритамот на срцето, крвниот притисок и дишењето.

Истражувањето покажало дека песната „Weightless“ од групата „Marconi Union“ ги намалува тегобите за дури 65 отсто, а токму таа песна со години била и на првото место на оваа листа.

Слушнете ја во продолжение:

Меѓутоа, сега тука е песната „Strawberry Swing“ од групата „Coldplay“ која до неодамна се наоѓала на петтото место на листата песни кои го намалуваат стресот, а сега е на врвот. 

Слушнете ја во продолжение:

Па, да спроведеме и ние едно мало истражување. Од вас бараме да ја слушнете песната од почеток до крај и потоа да одговорите:

Дали оваа песна опушта?

1. Да, целосно сум во зен.

2. Не, исто ми е како и претходно.

3. Уште понервозен/а сум.




Спонзорирани линкови

Маркетинг