Разводот на холивудскиот актер Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес ги шокираше неговите обожаватели, а извор близок до парот сега открил за „Page Six“ дека всушност тоа било очекувано и дека било само прашање на време кога ќе дојде до развод.
„Тоа се случи пред некое време, пријателите и семејството знаеја за тоа. Проблемите помеѓу нив постојат веќе одреден период, започнаа дури и пред Хју да се врати на Бродвеј во февруари 2022 година, за претставата ‘The Music Man’. Деб не беше често на пробите, а на некои дури и дремеше“, открил изворот за „Page Six“ и додал дека во разводот не е вклучена трета личност и дека Хју и Дебора станале „обични цимери кои само заедно живееле“.
Парот ја потврди веста за разводот за магазинот „People“ и објасни што довело до таквата сосема неочекувана одлука.
„Благословени сме што делевме речиси 3 децении заедно како сопруг и сопруга, во прекрасен брак полн со љубов. Нашето патување сега се менува и одлучивме да се разделиме за да продолжиме со нашиот индивидуален раст. Нашето семејство беше и секогаш ќе биде нашиот најголем приоритет. Во ова следно поглавје пристапуваме со благодарност, љубов и добрина. Многу го цениме вашето разбирање за почит на нашата приватност додека нашето семејство минува низ оваа транзиција на животите. Ова е единствената изјава која било кој од нас двајца ќе ја даде“, стои во нивното официјално соопштение.
54-годишниот Хју и 67-годишната Дебора заедно имаат две деца – 23-годишниот син Оскар и 18-годишната ќерка Ава, а во брак беа 27 години. Во нив на почетокот не верувал никој бидејќи Дебора е постара од Хју 13 години, но со текот на времето тие докажаа дека нивната љубов не познава такви граници.
Парот во последните години успешно се справуваше и не се обѕираше на негативните коментари на сметка на Дебора и критиките дека изгледа неугледно додека нејзиниот маж е секс-симбол, па затоа одлуката за развод дополнително ги шокираше сите.