Циметот е еден од најпопуларните зачини, кој најчесто се користи за колачи. Сепак, освен добриот вкус, има и многу други придобивки за нашето здравје, пренеле „BBC Good Food“.
Се вели дека маслото кое го содржи циметот наводно има ефект врз топењето на масното ткиво, што е одлична вест за сите оние кои се борат со килограмите.Некои истражувања покажуваат дека циметот влијае и на нашиот апетит и ефикасно го намалува чувството на глад, што го сптечува прејадувањето во текот на денот.
Сепак, ова се само дел од придобивките што ги носи редовното консумирање на овој зачин. Другите придобивки подразбираат:
Антиинфламаторно дејство;
Помал ризик од бактериски инфекции;
Намалување на крвниот притисок;
Намалување на шеќерот во крвта;
Решавање на дигестивни проблеми.