Тешко е да го замислите модерниот живот без телефон. Користењето на мобилни телефони стана наше секојдневие, но уредите со текот на времето трпат поголеми и помали оштетувања.
За подолг рок на траење на телефонот потребно е правилно одржување, а една од најважните работи е да знаеме како правилно да го полниме, како и грешките кои треба да ги избегнуваме.
Во продолжение прочитајте ги најчестите грешки кои луѓето ги прават со телефоните и така му го скратуваат векот на траење:
Оставање на полначот во штекер
Полначот оставен во штекер не само што доведува до поголема сметка за струја, туку е и многу опасно. Трансформаторот ослободува топлина, а зголеменото ниво на топлина може да доведе до пожар или краток спој на трансформаторот којшто може да предизвика пожар.
Празнење на батеријата до крај, па полнење до 100 отсто
Батериите во телефоните се направени врз база на литиум и функционираат на циклусно полнење. Доколку ја оставите батеријата да се испразни до крај, полека го уништувате својот уред. Исто така не треба да ја полните батеријата 100 отсто, а ниту да го оставате мобилниот телефон на полнач подолго од тоа. Полнењето на батеријата до крај всушност го скратува векот на траење поради одреден број на циклуси на полнење. Покрај тоа, оставањето на телефонот цела ноќ на полнач води до зголемена сметка за струја, нарушување на циклусот на полнење на батеријата и прегрејување на уредот.
Користење на мобилниот телефон во текот на полнењето
Празнењето на батеријата додека се полни создава голем притисок на самата батерија. Доколку треба нешто да направите на мобилниот, исклучете го од полнач, а кога ќе ја завршите работата, повторно ставете го на полнење.
Користење различни полначи
Кога ќе купите нов телефон, со него најчесто добивате и полнач. Најдобро е секогаш да го користите него, а не други полначи кои ви се достапни. Јачината на полнење е различна кај секој полнач и мобилен телефон, па важно е секогаш телефонот да го полните со јачината која му одговара. Покрај тоа, секогаш подобро е да користите штекер за полнење, а не други уреди како што е на пример лаптоп.