„Ford“ има ново лого: Ја гледате ли разликата?

Точка

15/09/2023

09:45

11.052

Големина на фонт

а а а

Бранот на освежување на логоата го зафати и американскиот автомобилски гигант.

Иако „Ford“ никогаш не го прифатил тридимензионалниот изглед на амблемите, сепак одлучиле да го доработат својот. Имено, проценките се дека сè уште изгледа многу застарено и дека тешко се вклопува во новата дигитална технологија.

Љубителите на марката сепак не треба да се грижат бидејќи таканаречениот синиот овален облик останува тука, препознатлив со подеднакво впечатлив фонт. Тоа што е ново е дека буквите сега се поголеми, што е овозможено со поедноставување на самата рамка, односно со укинувањето на тесната елипса. Исто така, хромираниот финиш е отстранет и заменет со бела боја, додека подлогата попримила потемна нијанса на сина боја.


Новиот дизајн на синиот овал кој премиерно ќе биде претставен со новиот „Ford F-150“ го забележа американскиот портал „Car & Driver“.

Први ќе можат да го видат посетителите на салонот за автомобили во Детроит.