Патници во авион биле фатени во многу непријатна ситуација …
Патниците, кои биле фатени во авионот „EasyJet“ во текот на сексуален однос во тоалетот за време на лет, се приведени во полиција. Во сексуалниот однос ги фатил член на кабинскиот персонал, а видеото од тој момент протекло на социјалните мрежи.
На видеото може да се видат патници како навиваат и викаат додека вработениот во „EasyJet“ ја отвора вратат зад која парот им се препуштил на страстите. Но, според снимката и неговиот израз на лицето, изгледа дека парот не бил расположен да престане со својот сексуален чин па мажот веднаш ја затворил вратата од тоалетот, пренесува „Jutarnji“.
Изгледа и дека членот на кабинскиот персонал, кој ги затекнал во тоалетот, не бил сигурен како воопшто да реагира на тоа, а во еден момент дури и се фатил со рацете за глава.
Кога слетале на Ибица, таму ги дочекала полиција. Ова видео брзо станало вирално, а коментаторите на социјалните мрежи биле многу креативни.
„РајанЕр за ова ќе наплатеше дополнително“, се пошегувал еден. „Се надевам дека тоа не е пилотот“, се надоврзал друг. „Замислете ги нивните изрази на лицата кога ќе излезат надвор од тоалетот и ќе мора да седнат покрај другите патници“, коментирал трет корисник.
— aney stokes (@VideosIrish) September 10, 2023