Французите воведуваат нов сообраќаен знак на своите улици, а еве која му е функцијата

Точка

22/08/2023

11:24

10.588

Големина на фонт

а а а

Сообраќајниот знак веќе може да се види во повеќето француски градови.

Новиот сообраќаен знак е веќе поставен во Лион, Гренобл и Стразбур, а наскоро ќе може да се види и на париската обиколница, како и на други приодни патишта со повеќе ленти. Во примена е воведен уште во 2020-та година, а како што пишува „Revija HAK“, може да биде активен само во текот на одредено време, односно да се вклучува на дигитални портали, како што се периодите на сообраќајни метежи.

Станува збор за сообраќаен знак во облик на симбол на дијамант на монолитна подлога, најчесто сина, со бела рамка. Функцијата му е да сигнализира дека станува збор за лента резервирана за возила со повеќе патници, електрични возила, такси возила и автобуси.

Треба да се каже и дека на париската обиколница лентата на која ќе го видите овој знак ќе биде резервирана превоз на спортисти и службен персонал.

За непочитување на овој знак, односно возење на резервираната лента, се плаќа казна до 135 евра. Сообраќајните ленти ќе ги надгледуваат посебни радари, додека казна ќе плаќаат возачите со помалку од два патници во возилото, пишува „Sortir A Paris“.