Маја е стјуардеса на брод и добила бакшиш со кој може да се купи еден стан во Белград: Еве колку заработила за само еден ден!

Точка

09/08/2023

16:03

19.370

Големина на фонт

а а а

Маја Бучанин веќе е позната на социјалните мрежи бидејќи ги споделува своите искуства од луксузниот брод на кој работи како стјуардеса. Таа е „chief stewardess“ и со останатите стјуардеси е задолжена да се погрижи нејзините гости да уживаат во „silver serves“, а за возврат гостите честопати оставале бакшиш кој подеднакво се делел.

Меѓутоа, овој пат еден од гостите бил особено задоволен од услугата и оставил бакшиш кој многумина оставил во неверување.


На бродот каде работела Маја бил 71-годишен гостин, заедно со неговата избраничка, која според нејзината процена имала околу 60 години. „Таа беше прекрасна и пријатна жена и навистина сакав да се чувствува одлично, бидејќи видов дека тоа нему навистина многу му значи. Кога ќе направев нешто за неа, тој од страна ми „дофрлаше“ – „тоа е тоа Маја, тоа е тоа“, човекот беше пресреќен“, ја започнала Маја приказната во нејзиното видео на „ТикТок“.


Имено, два дена пред неговото заминување, тој ја подмирил сметката со капетанот и на стјуардесите им оставил неверојатен бакшиш – 56.000 евра, што било многу повеќе од 10%.

„Никој никогаш не ми оставил 56.000 евра. Патем, бакшишите секогаш ги делиме подеднакво меѓу нас 9, така што секој доби по 6.200 евра. Секогаш ни оставаат, но никогаш толкава сума, најмногу било околу 4.500. Неговата сестра, се сеќавам тогаш, ни остави по 200 евра, па бакшишот изнесуваше 6.400 за секој од нас.“


Кога трите го пакувале за дома, имале можност и да му се заблагодарат. „Човекот беше навистина среќен. Толку прекрасни зборови упати до нас стјуардесите, особено мене. Ми остави и визит-карта и рече дека сум бистра и остроумна, навистина ме пофали, да не се фалам сега самата себеси.“


Таа сè уште ја чувала неговата визит-карта и му рекла дека ќе го искористи тој бакшиш за да си купи автомобил – што на крајот и го направила (иако подоцна, како што навела во видеото ѝ бил украден).

„На тој човек секогаш ќе се сеќавам, му посакувам да живее 100 години“, порачала Маја.