(Видео/Фото) Невремето ја опустоши Словенија: Пожарникари спасувале деца од поплавена градинка, порасна бројот на жртви

Точка

04/08/2023

16:25

4.085

Големина на фонт

а а а

Обилни дождови вчера ја погодиле Словенија, а утрово биле поплавени многу места ширум земјата.

Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави словенечката новинска агенција СТА.

Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во областа Крање.

Околностите на смртта сѐ уште се утврдуваат, соопштија за агенцијата од полицијата.

„Се чини дека смртта во Камник е последица на поплави, а на планините е предизвикана од удар на гром. Околностите на смртта сѐ уште се утврдуваат“, изјави Маја Адлешич Циперле од полицијата.

Рекордните врнежи од дожд, кои главно предизвикаа поплави во северниот дел на Словенија, не се завршени, предупреди метеорологот Бране Грегорчич од словенечката Агенција за животна средина (Арсо).

„Најголем дел од најсилните врнежи ќе се движи кон југоисток од земјата, а потоа кон североисток на границата со Хрватска. Времето си го направи своето“, рече Грегорчиќ на прес-конференцијата.

Според него, количината врнежи што паднала во 12 часот била поголема од најверојатните сценарија, на места наврнале и околу 200 милиметри врнежи на квадратен метар.

Ситуацијата е најтешка во Корушка, понекогаш дури и хаотична, изјави командантот на провинциската цивилна заштита, Алан Матијевич, за СТА. Надојдената Мислиња го урна мостот на главниот пат Дравоград – Словењ Градец во Отишки Врв, непроодни се и неколку други патишта, многу области се поплавени, а на места нема вода за пиење и сигнал од мобилен телефон.

„Состојбата не се подобрува, сѐ уште е вонредна, имаме огромен број подрачја под вода, патиштата се отсечени и поплавени, мостовите пропаднати“, рече Матијевич.

Пожарникарите во словенечкиот град Менгеш спасиле деца од градинка откако водата го поплавила објектот.


Припадниците на ДВД Менгеш на Фејсбук споделиле фотографии на кои се гледа како ги изнесуваат децата од градинката. „Ги известуваме родителите на децата од градинката Гобица дека сите 22 деца се успешно евакуирани на безбедно“, соопштиле.


Обилни дождови вчера ја погодиле Словенија, а утрово биле поплавени многу места ширум земјата. Стотина противпожарни интервенции биле забележани во Словенија од четвртокот навечер поради поплавите предизвикани од обилните врнежи.


Пристапот до погодените подрачја често е блокиран, а се појавиле и проблеми со комуникациските врски.