Сончево и многу топло со температура до 40 степени

Макфакс

04/08/2023

08:18

967

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 39 степени.

И во сабота ќе биде многу топло и ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг