„Тоа се детски игри“, „Не постои поимот условени оставки“ – реакции од професори и политичари по потегот на ДУИ

Макфакс

31/07/2023

14:54

2.352

Големина на фонт

а а а

Таканаречените условени оставки што ги поднесоа вчера министрите од ДУИ се во фокусот во јавноста.

По партиските реакции, потегот на интегративците го коментираат и професори, политичари, аналитичари.

Експратеничката на СДСМ, Солза Грчева и претседателка на партијата „Глас за Македонија“ вели дека поимот „условени оставки“ не постои во Деловниот на Собранието. Според неа, во случајов не може да се каже дека станува збор за оставки, туку за мајтапење со остатоците на правната држава.

„Оставките на ДУИ не можат да бидат условени! Како бивш пратеник кој ги познава законите, ви тврдам дека такво нешто не постои во Деловникот на Собранието каде оставките мораат да ги достават веднаш. Без да поставуваат услови. Исто е и со Законот за Влада. Џентлменската партија ДУИ, која е 100 години на власт би требало да го знае и Уставот кој не познава вакви шерифски постапки и уцени! Затоа, овие “оставки“ не се оставки, туку мајтапење со остатоците на правната држава“, напиша Грчева на социјалните мрежи.

Оставките на ДУИ не можат да бидат условени!

Како бивш пратеник кој ги познава законите, ви тврдам дека такво нешто не...

Posted by Solza Grceva on Sunday, July 30, 2023

Оставките на министрите од ДУИ ги коментираше и професорката, Билјана Ванковска.

„Поднеле оставки – на кукуво лето! Притоа, центарот на нивната моќ не лежи во министерските кабинети. Тоа и на врапчињата им е јасно“, напиша Ванковска.

Поднеле оставки - на кукуво лето!


Притоа, центарот на нивната моќ не лежи во министерските кабинети. Тоа и на врапчињата им е јасно.

Posted by Biljana Vankovska on Sunday, July 30, 2023

Поранешниот министер за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини за потегот на ДУИ напиша: Детски игри на кои никој, освен Ковачевски, не им верува.

„Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени. Дотогаш ќе можат фудбал и кошарка да играат во канцеларијата на “координаторот”, каде, според Ковачевски, можат да прават сè што сакаат. Детски игри на кои никој, освен Ковачевски, не им верува“, вели Хајредини.

Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

ххх

Дотогаш ќе можат футбол и...

Posted by Xhevdet Hajredini on Sunday, July 30, 2023

По повод најавените оставки, се огласија и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. На социјалните мрежи тие порачаа: „Наместо оставки спремајте си одбрани“ и жестоко ја критикуваа партијата по ваквиот чекор, дури и порачувајќи им дека ќе играат фудбал во „Идризово“ – коментар што надоврзува на случајот од пред неколку месеци кога министрите на ДУИ беа фотографирани додека спортуваат во кабинетот на Груби.

Реакциите следеа откако претходно, во текот на вчерашниот ден, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека министрите од оваа партија ги доставиле своите оставки до премиерот Димитар Ковачевски, но ќе важат од моментот кога уставните измени ќе поминат во Собранието.

I nderuar Kryeministër, Dimitar Kovaçevski,

duke vlerësuar se vendi ynë, Republika e Maqedonisë së Veriut, gjendet në...

Posted by Ali Ahmeti on Sunday, July 30, 2023

Ахмети образложи дека земјата е во критична фаза од европската иднина, а големите одлуки бараат политичка, национална и државна одговорност и жртви откако ВМРО-ДПМНЕ пред два месеца постави неколку услови за да гласаат за уставните измени, меѓу кои и ДУИ да излезе од Владата.

Потоа се огласи и првиот вицепремиер, Артан Груби, кој во интервју за косовски медиум рече дека ДУИ се подготвени да се откажат и од привремената влада со премиер Албанец за иднината на државата.

Владејачкиот СДСМ излезе со став дека со оставките исполнети се сите услови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па сега тој е на потег и одговорноста е кај него.

„Ставајќи го државниот пред партискиот интерес, СДСМ и ДУИ покажуваат одговорност кон врвната стратешка цел, а тоа е европската иднина на земјата и сите наши граѓани“, изјави портпаролката, Богданка Кузеска.

Оставките ги коментираше и партијата Демократски сојуз на Павле Трајанов, нарекувајќи ги класичен блеф на ДУИ.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ги повика ДУИ, но и функционерите од СДСМ да си поднесат неотповикливи оставки, а партискиот портпарол Наум Стоилковски рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и уставни измени со вакви фолирања нема да има.



Спонзорирани линкови

Маркетинг