Сите од летување си ја купуваат оваа амајлија, а можеби не ја знаат нејзината тајна – еве кое е значењето на популарното око

Точка

27/07/2023

20:37

15.316

Големина на фонт

а а а

Кога и да сте биле во Грција, Турција или на многу други места, сигурно сте ги сретнале бројните „сини очи“ каде и да се свртите.

Тоа е амајлија во облик на око со име Фатмино око, турско око или Назар, а го има речиси секоја куќа и е задолжителен сувенир од летувањата.

А, знаете ли кое е нејзиното значење?

Назар потекнува од арапскиот збор назара (поглед), а ова кристално сино око е еден од заштитните симболи во тенгризмот, старата религија на турските народи. Назар е исклучително чест во Турција, Грција, Кипар, Египет, Авганистан, Иран, Либан...


И, таму ќе го најдете во домовите, канцелариите, автомобилите, како накит и како декор во куќите. Според исламското предание, Мухамедовата ќерка Фатима на својот вереник му подарила парче сино стакло и благодарение на оваа амајлија тој успешно го завршил својот пат совладувајќи ги сите можни препреки.

Вообичаено се состои од рачно изработено стакло, а иако е најчесто сино, може да се најде и во друга боја, како бела и црна, некогаш дури и златна. Во суштина тоа е еквивалент на христијанскиот крст, а служи да го заштити оној којшто го носи од уроци.

Често Фатминото око се поставува во близина на куќната врата за да го „погледне и процени“ секој посетител, додека мајките често го ставаат и покрај креветчето на бебињата за новороденчето да го заштитат од злите погледи.


Се верува дека ова око може да ги избрка сите негативни вибрации од оној којшто го носи како амајлија и тоа поради својот состав затоа што се изработува од стакло, бакар, железо, вода и сол.

Фатминото око може и да набабри, а се верува дека тоа се случува кога имал некоја „посебно тешка работа“. Во тие случаи треба да го замените со ново за да функционира како што треба.