(Видео) Драма во Њујорк! Кранот се запалил и урнал врз солитерот, па паднал на улица!

Точка

26/07/2023

17:41

2.120

Големина на фонт

а а а

Денес на Менхетен, градежен кран се запалил и урнал, а потоа удрил во солитер – пред да падне на улица во центарот на Њујорк.

Инцидентот се случил над 10. авенија на улицата 41, а при падот, кранот оштетил облакодер, кој се наоѓал преку улицата“, пренеле „АП“.

Пожарникарите стационирани на покривот од друга зграда користеле црева за да го изгаснат пожарот, а околните улици биле затворени за сообраќај.

На видеото се гледа како пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот од друга зграда над дигалката. Црн чад се издигал од кранот високо над прометните улици на Њујорк.

Пожарникарите побарале помош од главниот монтажер и супервизор на кранот, додека полицискиот хеликоптер летал над него како би ја проценил ситуацијата.

Засега нема информации за повредените во пожарот и уривањето на кранот.