(Видео) Мицкоски: Тврдењата на власта дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени се нивна фантазија

Макфакс

13/07/2023

17:47

1.722

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба со Занаетчиската комора – Скопје, одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на власта дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени, истакна дека таа тема е затворена и единствената работа што во моментот е на маса е да се договори терминот за следните парламентарни избори.

„Власта една година се занимаваше со оваа тема, а јас таа тема ја затворив јавно, но очигледно, еве, ќе треба повторно да повторувам работи што веќе сум ги кажал многупати во минатото. Измина повеќе од една година, тие велеа дека јас сум проблемот, политичарот Христијан Мицкоски го имаа на маса, имаа една година да најдат еден што ќе гласа за уставните измени. Имаа неколку решенија што им ги понудив изминатава година и сите ги одбија и сега имаат на маса само една работа, а тоа е да седнеме и да се договориме за терминот за следните парламентарни избори“, истакна Мицкоски и додаде: „Сè друго е во делот на рибарските приказни, односно лагите и фантазијата на овие луѓе, кои уште малку време ќе бидат дел од македонската Влада“.