(Видео) За Мицкоски е навреда ако тројцата дипломати дошле да разговараат само за уставните измени

Макфакс

13/07/2023

17:44

1.614

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ако тројцата дипломати – шефовите на дипломатиите на Австрија, Словачка и Чешка, кои денеска се во посета на земјава, дошле за да разговараат само за уставните измени, тогаш тој ќе биде навреден.

„Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека дипломатска офанзива и разговори на тема уставни имзени имаат цела година. Вели дека доколку го почитуваат овој народ и сакаат европска идина на Македонија, тогаш ќе посветат повеќе внимание на криминалот и корупцијата, отсуството на реформи, катастрофата во образовниот систем, во здравството, лошата состојба на земјоделците, иселувањето на младите итн.

Мицкоски порача дека е подготвен да разговара со секого за да подобрување на состојбите во државата.