(Фото) Летото е создадено за уживање: Камена куќа со базен поради која веднаш би ги спакувале куферите и би отишле во Паг

Точка

29/06/2023

18:15

38.765

Големина на фонт

а а а

Вилите од соништата за одмор за каков што сонуваме можеме да ги најдеме на островот Паг во Хрватска, тоа се камени куќи со базен и неверојатен поглед кон морето кои ќе ве освојат веднаш.

Шармантните камени вили се наоѓааат на само седум километри од центарот на Новаља, доволно блиску за да уживате во летните денови на едно туристичко место недалеку од морето и убавината на недопрената природа која ги обиколува куќите.

Една од куќите може да прими до шест гости, па совршена е за семеен одмор, како и одмор за парови. Таа се состои од две двокреветни спални соби на кат, секоја со свој тоалет и со рачно изработен мебел, а прекрасната дневна соба е со споена кујна.

Совршено удобниот и простран ентериер на вилата дополнително ги привлекува туристите. А, дури кога ќе излезете во дворот, лесно е да останете без зборови.

На големата тераса се наоѓа и летна кујна опремена со надворешна скара за удобни вечерни и денски дружења, но главната ѕвезда е сепак базенот.

Оваа идилична локација на островот Паг можеби не е за сечиј џеб, но секогаш можеме да фантазираме, а и добро е да ги потсетиме луѓето на убавината на камените куќи и природата.

Погледнете ги фотографиите: