15-годишно девојче од Скопје било допирано по телото и нападнато од маж

Макфакс

22/06/2023

17:09

1.644

Големина на фонт

а а а

Жена од Скопје во полиција пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка била допирана по телото и нападната од маж.

Имено синоќа во 19.30 часот во Полициската станица Драчево, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.06.2023 околу 22.00 часот на ул.„Драчевска“ едно машко лице физички ја нападнало нејзината 15-годишна ќерка и ја допирало по телото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.