Се повеќе млади луѓе се информираат на ТикТок, довербата во традиционалните вести опаѓа

Точка

15/06/2023

12:43

1.693

Големина на фонт

а а а

Бројот на луѓе на глобално ниво кои пристапуваат до вести преку сајтови или апликации опаднал за 10 бода од 2018-та година, додека младите повеќе сакаат да читаат вести преку социјалните мрежи, пребарувачите или мобилните агрегатори на вести, покажува извештај објавен во вторникот.

Публиката обраќа повеќе внимание на славните лица, инфлуенсерите и лицата на социјалните мрежи отколку на новинарите на платформите како што се ТикТок, Инстаграм и Снепчет, објави институтот на „Reuters“ за проучување на новинарството во својот годишен извештај „Digital News“.

ТикТок, според извештајот, е најбрзо растечка социјална мрежа која за вести ја користат 20 проценти од младите меѓу 18 и 24 години, што е пат проценти повеќе отколку минатата година. Помалку од половина од испитаниците во анкетата изразиле голем интерес за вести, што пад на 6 од 10 во 2017. година.


„Не можеме да очекуваме дека младите наеднаш ќе ги засакаат старомодните веб страници, а уште помалку радиото, телевизијата или печатот, едноставно затоа што се стари“, рекол директорот на Институтот Ројтерс Расмус Нилсен во извештајот кој се базира на инернет анкета на околу 94.000 возрасни лица, спроведена во 46 земји, вклучувајќи ги САД.

Помалку од третина испитаници рекле дека изборот на вести на основа на претходните пребарувања е добар начин на информирање,што е пад од шест добови во однос на 2016-та година, кога анкетата последен пат го поставиле тоа прашање.


Сепак, луѓето повеќе сакаат вестите да им ги бираат алгоритми отколку уредници или новинари, пренесува „Reuters“.

Довербата во вестите паднала за 2 проценти минатата година. Во просек, 40 проценти од луѓето велат дека во главно веруваат во повеќето вести. САД бележат зголемување на довербата во вестите за 6 на вкупно 32 проценти, но и натаму се меѓу најниско рангираните во истражувањето.


На сите пазари, 56 проценти од луѓето велат дека ги загрижува препознавањето на разликите меѓу вистинските и лажните вести на интернет – што е два процентни бодови повеќе во однос на минатата година.

Истражувањето покажало дека само 48 проценти од луѓето велат дека се многу заинтересирани за вести, што е пад во однос на 63 проценти во 2017-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг