Пејачот Давид Темелков објави фотографии од свадбената бајка: „Малата водњанка и лудиот скопјанец, оган и вода велат не оди, сѐ додека не нѐ видат нас“

Точка

14/06/2023

21:04

7.186

Големина на фонт

а а а

Македонскиот поп-пејач Давид Темелков викендов стапи во брак со сопругата Елена Јунг, позната хрватска водителка од Истра, а свадбата ја правеа во Скопје.

На нивната свадбена веселба одржана во скопски ресторан, присуствувале околу 250 гости од Македонија и Хрватска.

Пресреќниот пејач објави неколку фотографии од нивната свадбена бајка под кои ѝ посвети емотивна порака на саканата:

„Од денес, љубовта го носи твоето име.

Низ порази и победи, низ милости и немилости – еве нѐ, пред Бога рековме „Да“!

Малата водњанка и лудиот скопјанец, оган и вода велат не оди, сѐ додека не нè видат.

Да ти кажам фала за сè, малку е.

Беше тука и кога многумина би се откажале. Но, ти не, тука си.

Кога ќе се навратам наназад, многу поминавме и не ми е сеедно додека го пишувам ова. Животот пишува чудни приказни, па и оваа нашава ја пишува со некој чуден ракопис. Нека пишува, а ние ќе читаме – засекогаш“.

„Венчаницата ми е купена пред пет месеци. Не правам драма околу тоа, сакам тој ден да ми биде убав, а не стресен. Сите знаеме како невестите ненамерно си го расипуваат денот“, изјавила Елена пред два месеци во интервју за хрватска „Глорија“.

Инаку, љубовта на Давид и преубавата Елена започнала во 2015 година кога тие се запознале на концерт на Тони Цетински во Пула.