Една девојка одлучила еден месец да консумира мешавина од мед и куркума, а ние ви го пренесуваме нејзиното искуство.
„Пред повеќе од еден месец дојде мајка ми на гости и донесе тегла од нешто што потсетуваше на мед, па ми рече: Види што ти направив, секој ден треба да консумираш по една лажичка, тоа е прекрасно.
Жената всушност измешала мед и куркума, а поради тоа што секако немав што да изгубам, одлучив да ја изедам теглата од „златната мешавина“ во наредниот период. Така, не ни сомневајќи се на исходот од тоа, всушност направив прекрасна работа за своето здравје.
Се докажа дека овој лековит рецепт не е баш уште една „празна приказна“ од интернет туку всушност навистина дава резултати.
Веќе во првите неколку денови почувствував дека имам повеќе енергија од претходно и се чувствував многу поздраво и едноставно помоќно.
Дигестивниот тракт ми беше подобар, а забележав и дека немам напади на глад кои пред тоа беа чести. Исто така за цел месец колку што ја консумирав мешавината мед и куркума ниту еднаш не ме заболе главата, ниту имав проблеми со било какви болки.
Моето здравје е навистина подобрено, а долго време не сум се чувствувала вака“, раскажала девојката.