„Украинците ја пробија првата линија на руската одбрана“ – Британците за контраофанзивата на Украина

Макфакс

10/06/2023

10:58

2.731

Големина на фонт

а а а

Украина успешно ја проби првата линија на одбрана на Русија во делови од земјата во изминатите 48 часа, соопшти британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на нивните разузнавачки служби.

Во својот дневен брифинг за разузнавање, Министерството за одбрана рече дека имало „значајни операции во неколку сектори источно и јужно од Украина“.

Во него се наведува дека војниците постигнале „добар напредок во некои области, каде што ја пробиле првата линија на руската одбрана“.

„Во други, украинскиот напредок беше побавен“, се додава. Според Британците, руската одбрана со некои единици „врши маневарски одбранбени операции, додека други се повлекуваат“.

Извештаите за руски жртви се зголемуваат бидејќи нивната армија е принудена да се повлече низ сопствените мински полиња, соопшти Министерството.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот вечерта изјави дека украинската контраофанзива во зоната на „специјални воени операции“ е започната и Киев ги користи своите стратешки резерви.

– Прво, со апсолутна сигурност може да се констатира дека контраофанзивата започна и тоа се докажува со употреба на стратешки резерви – рече Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг