Ангажирал луѓе да го испразнат магацинот: Газда на обложувалница во Гостивар сакал да го излаже ортакот

Макфакс

09/06/2023

17:53

2.473

Големина на фонт

а а а

Синоќа во 18.50 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Џ.Ф.(28), Ј.И.(26), Е.Е.(23), С.Д.(31) и еден малолетник, сите од Скопје.

Тие биле затекнати при товарање предмети во товарно возило со скопски регистарски ознаки, кои ги земале од магацин, кој го користела спортска обложувалница.

Во врска со настанот, во 23.30 часот во Тетово, од слобода бил лишен и Е.П.(33) од Република Албанија, со регулиран престој во Гостивар, кој, според пријавеното, ги ангажирал лицата да ги земат предметите од магацинот на обложувалницата, без знаење на М.У.(37) од Гостивар, кој му бил партнер во обложувалницата.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг