Украинците бараат моќно оружје, САД одбива: „Тоа ќе доведе до Трета светска војна“

Точка

09/06/2023

21:11

4.563

Големина на фонт

а а а

Неколку републикански и демократски пратеници бараат од администрацијата на Бајден на Украина да и го прати ракетниот систем „ATACMS“.

Со досег од 300 километри, речиси четири пати поголем од постоечките украински состави, овој ракетен систем бил предмет на интензивна расправа со месеци. „ATACMS“ е балистичка ракета со краток досег која може да се лансира од системот „HIMARS“ и носи боева глава од речиси 230 килограми. Пред речиси една година советникот за национална безбедност Џејк Саливен се плашел дека праќањето на „ATACMS“ би можело да доведе до тоа судирот на крајот да прерасне во Трета светска војна бидејќи Украина би можела да го употреби оружјето за напади длабоко на руска територија.

Но, последните недели противењето за праќање на составот покажува знаци на слабеење. Самиот претседател Џо Бајден неодамна сигнализирал дека би можел да биде отворен кон праќање на „ATACMS“. Портпаролот на Белата куќа подоцна изјавил дека политиката на администрацијата не е промената.

Расте притисокот на Бајден

Сега група членови на Пратеничкиот дом предводена од Џејсон Кроу го зголемува притисокот над Бајден. Во писмото до Бајден деветмината републикански и демократски пратеници го повикале претседателот брзо да даде зелено светло за праќање на „ATACMS“.

„Војната во Украина стана војна на исцрпување. Можеме и мораме да помогнеме да се излезе од оваа пат позиција. Со праќање на овој систем можеме значајно да ги подобриме нивните шанси за победа, да го вратиме мирот во Европа и да обезбедиме постабилен и просперитетен свет“, напишале пратениците.


Во писмото исто така се повикува претседател да одобри и друго напредно оружје, вклучувајќи борбени авиони „F-16“ и дополнителни системи за противвоздушна одбрана како „Patriot“.

Самиот Киев исто така прави притисок за праќање на „ATACMS“. Украинските воени лидери на Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом му соопштиле дека системот им е потребен за контраофанзивата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг