(Видео) Штипјанец шета со оружје и стрела животни, друг влече куче врзано на автомобил – се бара итна истрага против насилниците

Макфакс

09/06/2023

15:39

4.440

Големина на фонт

а а а

„Анима мунди“ објави вознемирувачки видеа од двајца мажи од Штип и Виница кои малтретираат животни.

Додека штипјанецот среде бел ден, шетал со оружје и нишанел врз животни повредувајќи мачка на негови соседи, другиот, истиот ден, врзал куче за автомобил и го влечел и малтретирал.

Здружението прашува до кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара, или девијацијата ќе ја препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе.

„Анима мунди“ тврди дека жителите на Штип биле вознемирени од случката и преплашени за својата безбедност и оти во секоја ЕУ држава, ваквите малтретирања подлежат на строги казни.

„Информираме дека неколку лица се обиделе да пријават во полиција – потенцираме, се обиделе, бидејќи полицијата не ни сакала да прими и евидентира ваква пријава од X причини, што значи за нив не се случило ништо што отстапува од нормалноста. Е токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и поминуваат неказнети“, велат од здружението.

Ги повикаа институциите итно да почнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг