(Фото) МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа: Автомобил се преврте на кров во тунелот пред Гевгелија, почина 47-годишната жена

Точка

09/06/2023

12:27

3.840

Големина на фонт

а а а

Возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Жена од Неготино починала после тешката сообраќајна несреќа која се случила утринава кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, јавуваат од МВР.

- Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата. Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена - возач која била сама во автомобилот, велат од Обвинителството за МИА.


Претходно, од СВР Велес потврдија за МИА за самата трагична сообраќајна несреќа.

– Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, појасни Самарџиев за МИА.

Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец и се врши увид на местото на настанот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг