Сексапил и природна убавина – Барбара Ракичевиќ со неодоливи фотографии од плажа ја вжешти атмосферата на Инстаграм: „Преубава си Барби...“

Точка

09/06/2023

11:13

11.065

Големина на фонт

а а а

Младата македонска перспективна пејачка Барбара Ракичевиќ, одлучила малку да одмори од настапите и посвежа да се врати на македонската сцена.

Барбара е русокоса убавица која каде и да се појави плени со својата убавина, а овојпат одлучила да замине на море за да ги „наполни батериите“ за претстојното лето.

Песочните плажи крај морскиот брег навистина се местото за кое сите сонуваат да бидат и да се опуштат максимално, а како што вели самата Барбара – сè што е добро започнува во јуни.

Младата пејачка на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм профил ја покажа сета своја природна убавина и сексапил, па добри многубројни позитивни коментари.

Барбара прво позираше во летно, мини-фустанче и мрежест горен дел под кој се гледа бикинито, а потоа позирала и по бикини, покажувајќи ја сета убавина на своето извајано тело.

„Бомба“, „Прекрасна како и секогаш“, „Барби“, „Згодница“, се само дел од коментарите кои можат да се прочитаат под нејзините фотографии на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг