(Фото) Една од омилените актерки во шестата деценија позирала во костим за капење – не се сменила од 1999 година...

Точка

09/06/2023

08:50

11.621

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Хедер Греам и во шестата деценија привлекува внимание со својот изглед.

Имено, Греам на својот Инстаграм профил споделила фотографија на која позира во костим за капење покажувајќи како изгледа во 54-та година од животот.

Во низата фотографии кои ги споделила на Инстаграм, таа на себе носи бел, дводелен костим за капење, а на некои фотографии позира и во син фустан за на плажа.

Оваа актерка изгледа речиси еднакво како во деведесеттите години на минатиот век кога глумела во франшизата за Остин Паверс, а тоа го забележале нејзините верни фанови.

„Многу жешко. Заборавaте дека таа има 53 години, што e неверојатно“, „Дали си реална?“, „Изгледа магично“, „Таа не старее“, „Изгледа феноменално“, „Сè уште е моја симпатија од детството“, „Божица“, „Кралица“, „Не си се сменила од улогите од 1999 година“, биле само дел од коментарите.

Да ве потсетиме, Хедер Греам освен во филмовите за Остин, глумела и во „Hangover“, „Killing me softly“,„Scream“, „Boggie Nights“, „License to drive“, „On a Wing a Prayer“ и многу други.

Повеќе фотографии од Хедер Греам:



Спонзорирани линкови

Маркетинг